недела , 20 август 2017
mogerini

Могерини попладне на средба со Иванов и партиите

Шефицата на европската дипломатија Фредерика Могерини која е во неколку дневна балканска турнеја, денеска во 16.30 часот ќе има средба со претседателот Ѓорѓе Иванов.

Во 17 часот таа ќе одржи говор пред студенти во Македонската опера и балет, час подоцна ќе има средба со политичките партии, а во 19 часот ќе даде изјава за медиумите пред седиштето на Европската унија во Скопје.

Нејзината турнеја ја започна во Црна Гора, а ќе ги посети уште Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Албанија. Европската унија на 6 март ќе одржи самит за ситуацијата на Западен Балкан.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …