вторник , 27 јуни 2017
timthumb (16)

МОН: Државниот студенски центар „Скопје“ должи над 280 милиони денари

Министерството за образование и наука денеска информираше дека Државниот студенски центар „Скопје“ под чија надлежност се студенските домови „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ должи над 280 милиони денари.

Во соопштението се наведува дека до 31 мај годинава долговите достигнале 282.754.637,00 денари. Само по основ на комунални услуги, греење, комуникација и транспорт, долгот изнесувал 101.720.685,00 денари до крајот на минатиот месец.

– Доколку, раководството на ДСЦ „Скопје“ – Скопје, навреме ги подмируваше долговите и обврските, немаше да се доведат студентите кои се сместени во Студентскиот дом „Гоце Делчев“, но и во останатите студентски домови да ги подготвуваат испитите во темница, и да стравуваат дека ќе останат без електрична енергија или вода за пиење и елементарни услови за престој во објектите. Министерството за образование и наука, како што претходно информиравме, вложи напори за надминување на проблемот со електричната енергија во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје и студентите кои се сместени во истиот да ги добијат основните услови за престој, се вели во соопштението.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …