четврток , 19 октомври 2017
monci

Мончи: Атлетико е потежок противник од Челси

Спортскиот директор на Рома, Рамон Родригес Вардехо, во фудбалскиот свет познат како Мончи, пред мечот на римскиот тим со Атлетико Мадрид, рекол дека шпанскиот тим е многу потежок ривал во групата од англискиот првак Челси.

Рома, во вторник, на „Олимпико“ ќе го пречека Атлетико во рамките на првото коло во Ц групата.

„Атлетико е најкомпликуваниот противник во групата. Тие се екипа која перфектно го познава ова натпреварување и од мој агол се потежок противник од Челси“, рекол Мончи.

Како главна предност на мадридскиот тим спортскиот директор на Рома го наведува тренерот и тимскиот дух кој владее кај „јорганџиите“.

„Под водство на еден тренер играат веќе пет години, а тимот е истиот секоја година“, дополнил Мончи.

Покрај натпреварот Рома-Атлетико Мадрид, вечерва во Ц групата во Лондон Челси ќе го пречека дебитантот Карабаг.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …