петок , 22 септември 2017
12066464036-f7ac41960f-b

Москва: Нападнати позиции на Исламска држава

12066464036-f7ac41960f-bРуски воени авиони извршиле 41 лет во Сирија во последните 24 часа и гаѓале 40 мети на Исламска држава, соопшти руското министерство за одбрана.

– Руското воздухопловство уништи работилница во близина на Алепо, што терористите ја користеле за правење експлозивни направи за бомбаши-самоубијци – рече портпаролот на министерството за одбрана, Игор Конашенков.

Тој додаде дека милитантите планирале да употребат автомобили за поставување бомби за изведување терористички напади во Сирија.

Во близина на местото Храјтан прецизно се погодени и уништени складишта за оружје и за гориво, рече Конашенков.

Покрај тоа, во планинското подрачје на провинцијата Идлиб, авиони од типот „Су-24СМ“ гаѓале логори за обука. Во провинцијата Хама и Латакија се уништени складишта за оружје, а во близина на Деир ез Зора бомбардирани се командни позиции на Исламска држава, соопшти руското министерство.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …