вторник , 26 септември 2017
4d1be67e-5197-4c93-b90e-36175dc365e4

Москва: Невозможна е соработка со НАТО во борбата против ИД во Сирија

4d1be67e-5197-4c93-b90e-36175dc365e4Рускиот амбасадор во НАТО, Александар Грушко, денеска изјави дека Русија и НАТО имаат целосно различни ставови за борбата против терористичката група Исламска држава.

Грушко додаде дека Русија, како што тоа било вчера на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, не гледа можност за соработка со Алијансата по тоа прашање.

– Изненаден сум што НАТО не ни соопшти дека е неопходно да се бори против тероризмот. Борбата против тероризмот е спомената само во повикот Русија да игра конструктивна улога во борбата против Исламска држава – рече Грушко на прес-конференција во Москва.

Тој додаде дека Москва не гледа можност да соработува со НАТО во борбата против ИД во Сирија.

– Имајќи предвид дека НАТО официјално објави дека Алијансата не игра улога во Сирија и дека тоа е нејзин официјален став, тешко дека можеме да сметаме на можноста за соработка со неа како организација и оти ќе има напредна билатерална интеракција со земјите од НАТО – рече Грушко.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …