вторник , 26 септември 2017
dzimi-karter-sad-krse-ljudska-prava-slika

Москва потврди дека Џими Картер и ги предал мапите на положбите на ИД

dzimi-karter-sad-krse-ljudska-prava-slikaМосква потврди дека поранешниот американски претседател Џими Картер и ги предал на Русија мапите на положбите на радикалните организации на Исламска држава во Сирија, изјави официјалната претставничка на руското МНР Марија Захарова, јави Танјуг.

Картер претходно изјави дека во мај и ги предал на руската амбасада мапите на положбите на ИД во Сирија, по разгворите со рускиот претседател Владимир Путин.

– Можам да потврдам дека оваа информација одговара на реалноста. Навистина, на руската страна и се обрати Џими Картер со предлог да ни ги испрати мапите кои ги состави неговиот претседателски центар, а кои го покажуваат актуелниот распоред на спротивставените страни во Сирија, вклучувајќи ги позициите на владината армија, ИД и други организации, рече Захарова.

Според неа, добиените географски податоци не се строго доверлива информација.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …