сабота , 23 септември 2017
mostar-goran

Мостар го дочекува маратонецот кој ќе урива Гинисов рекорд

Горан Николиќ (1967) од Крагуевац подготвен е да го постави новиот Гинисов светски рекорд во трчање, а ќе трча 55 маратони (42,195 км) за 55 дена во континуитет (сегашниот Гинисов светски рекорд е 53 маратони за 53 дена).

Горан, согласно неговата цел, на 3 септември тргна од Крагуевац и на 49-та рута маратон ќе ја трча на 21 октомври на релација Ресторан „Ковачевиќ“ Долна Јабланица – Мостар.

Горан делумно е слеп и гледа само пет отсто на едното око.

На овој начин, како што соопшти, сака да анимира добронамерните луѓе да се соберат средства кои ќе се вложат за набавка на спортска опрема и реквизити за лицата со инвалидитет кои ќе се стават на располагање на корисниците во „Искра“ – Регионален центар за спорт и рехабилитација на лица со инвалидитет, кој неодамна е отворен во Крагуевац.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …