петок , 18 август 2017
evropska-unija-zastava-foto-01-reuter_f

Можно е ЕУ да не ја продолжи својата мисија во Средоземното Море

Засега нема согласност за продолжување на операцијата во Средоземно Море „Софија“ на воените морнарици на земјите членки ЕУ, потврди денеска портпаролот на Европската служба за надворешни работи.

Според учесниците на вчерашниот Совет на ЕУ за надворешни работи, сите држави од Унијата се пожалиле на недостиг од пристап до либиските територијални води.

Претставниците на Белгија во последните денови отворено се изјаснија дека нивната земја ќе се повлече од операцијата, доколку не се обезбеди пристап до либискиот брег.

Тоа е неопходно за да може мигрантите кои се „спасени“ во Средоземно Море да не се префрлаат до ЕУ, туку да бидат вратени назад во Африка.

Операцијата беше критикувана и во извештај на британскиот Парламент, како и од либиските власти. Британските пратеници оценија дека операцијата, започната пред две години, не постигна ниту една од двете главни цели – пресекување на активностите на швецерите и спречување на смртните случаи со мигрантите.

Либиските власти прецизираа дека распоредувањето воени бродови на 20 милји од нивниот брег „спасените мигранти“ ги тера на своите роднини да им кажуваат дека патот е безбеден.

Советот на ЕУ вчера се изјасни дека шверцерите ги примамуваат мигрантите од Африка да се качуваат на чамци од либискиот брег со ветување дека на 20 милји во морето ќе бидат „спасени“ од бродови, учесници во операцијата „Софија“.

Според меѓународното поморско право, кога екипаж ќе забележи несреќа со пловен објект во меѓународни води, треба да им укаже помош на бродоломците и да ги однесе до сигурен брег. Поради неможноста за пристап до либиските територијални води, европските бродови мигрантите го носат до ЕУ, најчесто во Италија. Тоа е причината што во последните денови италијанските власти предупредуваат дека може да го забранат пристапот до своите пристаништа за бродовите на чии палуби има мигранти.

Слични написи

mvr-granica-april-3-685x320

Бугарија со дронови и војска ќе се штити од илегални бегалци

Во борбата против нелегалната миграција, Бугарија планира масивно обезбедување на границата кон Турција со дополнително …