вторник , 26 септември 2017
boki kokata

МСЦО и општина Струмица подготвуваат меморандум за соработка

Претседателот на Меѓународниот сојуз за цивилно општество и социјално загрозени категории граѓани, Бојан Јовановски денеска ја посети општина Струмица со цел продлабочување на меѓусебната соработка.

На состанокот со в.д градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов беа договорени идни активности во подготовка на продлабочување на кооперацијата и потпишување Меморандум за соработка.

– Мислам дека доколку работиме заеднички мисијата ќе биде остварена. Што се однесува до Сојузот, поддршката ќе ја имаат сите граѓани на Македонија, но ќе се обидеме да ги таргетираме вистинските социјално загрозени слуичаи, за што сериозна работа ќе има нашата стручна комисија, за да не дојде до злоупотреби од никаков вид, посочи Јовановски.

В.Д. градоначалникот Костадинов рече дека заедно со Сојузот имаат заеднички цели за подобро општество за сите.

– Во таа насока, не може да го занемариме фактот дека како општина сме европски ориентирани, а и Меѓународниот сојуз работи согласно стандардите на ЕУ, поради што наидовме на разбирање по сите точки. Очекувам да поставиме добра основа за потпишување Меморандум за генерална соработка со што ќе ја исполниме мисијата да им пружиме насмеани лица на оние на кои им е најпотребно, рече Костадинов.

Меѓународниот сојуз ја донесе и својата прва одлука за помош на струмичкото семејство Тасеви, преку материјална и финансиска поддршка, условено со психолошки совети на родителите, и вклучување во образовниот процес на малолетните деца од семејството.

Делегацијата на Меѓународниот сојуз, заедно со локалните власти го посетија семејството Тасеви за да договорат идни планови за нивна помош.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …