вторник , 26 септември 2017
ministersrvo za zdravstvo

МТСП и МЗ: Демири е згрижен, од утре ќе биде хоспитализиран и ќе му бидат извршени тестирања

Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство ја известуваат јавноста дека по објавената сторијата на Телевизија Телма со наслов „Со полураспаднати стапала пациент спие пред болниците”, а која е пренесена и од други медиуми за лицето Муарем Демиров се преземени мерки за негова заштите и сместување.

Имено, во моментов пациентот е во Центарот за згрижување на бездомни лица во Чичино Село, и во текот на утрешниот ден ќе биде хоспитализиран во ЈЗУ Универзитетска Клиника за Торакална и Васкуларна хирургија каде што ќе се вршат испитувања, и ќе биде во итна програма за соодветна интервенција.

По завршувањето на интервенцијата, Муарем Демиров постоперативно ќе биде сместен во ЈЗУ Геронтолошки завод „13 ноември“ каде што ќе му биде овозможено негово целосно закрепнување и рехабилитација.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …