петок , 22 септември 2017
mudis

Мудис го намали кредитниот рејтинг на Кина

Меѓународната рејтинг агенција Мудис соопшти дека го намалила кредитниот рејтинг на кинескиот долг, бидејќи прогнозира зголемување на задолжувањето на земјата и забавување на економскиот раст.

Рејтингот на кинескиот долг се намалува од ниво Аа3 до А1 со стабилна перспектива, нагласи Мудис.

Намалувањето на кредитниот рејтинг се појаснува со фактот дека „финансиската стабилност на Кина ќе се влоши малку следните години, при што вкупниот обем на долгот ќе продолжи да се зголемува, додека потенцијалниот раст ќе бележи забавување“.

Реформите, предвидени од режимот во Пекинг за борба против финансиските ризици може да го „успорат, но не и да го спречат зголемувањето на долгот“ на земјата, нагласи Мудис.

Агенцијата очекува економскииот раст на Кина да падне на околу пет отсто годишно следните пет години. Пекинг предвидува раст од околу 6,5 отсто за оваа година.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …