недела , 22 октомври 2017
muguruza-701x390

Мугуруса број 1 на ВТА-листата, Ѓорческа 213

Шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруса, по завршувањето на Отвореното првенство на САД, првпат во кариерата се искачи на челната позиција на ВТА-листата. Елиминацијата на Каролина Плишкова во четвртфиналето на последниот гренд слем во сезоната ѝ овозможи на Мугуруса да стигне до првото место.

Гарбиње Мугуруса на најновата ВТА-листа има 6.030 бодови, односно 125 повеќе од второпласираната Романка Симона Халеп. Трета е Украинката Елена Свитолина, а довчерашната лидерка на листата, Плишкова, е четврта. Во Топ 5 се наоѓа и Венус Вилијамс, која на најновата ВТА-листа напредуваше за пет позиции.

Меѓу најдобрите десет во светот се и Каролина Вознијацки (Данска), Џоана Конта (Велика Британија), Светлана Кузњецова (Русија), Доминика Цибулкова (Словачка) и Елена Остапенко (Летонија).

Најдобро рангирана македонска тенисерка е Лина Ѓорческа, која на најновата листа назадуваше за две позиции и е 213. во светот.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …