петок , 22 септември 2017
zekiri

Мухамед Зекири заминува од Алсат

zekiri
Уредникот на Алсат-м, Мухамед Зекири на својот ФБ профил објави дека заминува од Алсат-М телевизија:

“Секоја разделба е болна, посебно кога се разделуваш од нешто што ти било во срцето и што си го растел и со го изградил. Но, секој почеток има и свој крај.

Таков е животот. 10 години се една декада, бев тука кога се роди и допринесов бар малку да порасне и биде тоа што денеска е ТВ АЛСАТ-М.

Се разбира тоа не го направив сам, бевте Вие колеги и сите вработени во ТВ АЛСАТ-М кои ми ја дадовте Вашата поддршка да успееме и АЛСАТ-М да биде пример за сите овде и пошироко.

Ми претставуваше чест да работам на еден ваков голем проект, заедно со Вас прекрасни луѓе, кои ќе продолжите да бидете дел од АЛСАТ-М, почнувајќи од лицата вработени во обезбедувањето, хигиеничарките, техничкиот персонал, администрацијата, новинарите, уредниците: Исуф и Иван, Адмир и Васко, Шкелзен и Среќко, Арта и Горан, Макси, Фатон е Мирче, менаџерскиот тим, Лирим и посебно директорката Бисера и се разбира сопственикот г.Ферик Велија.

Ви посакувам да продолжите на патот на успехот, лично на секој од вас ви посакувам здравје, успех и сѐ друго што би си посакале себеси.

Јас ќе останам тој што сум, пред сѐ човек, а потоа тој што го познавате, Мухамед Зеќири, новинар !!!

П.С. Еден од колегите ми се обрати: “Се чуствувам како да губам брат”. Mу реков: “Јас како да сум го изгубил семејството”… ВЕ САКАМ ДОБРИ ЛУЃЕ!!!!”

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …