недела , 24 септември 2017
krstomukoski

Мукоски: До вечер со Талат ќе се договориме што да правиме со законот

krstomukoskiЕден од предлагачите на законот против прислушкуваните материјали Крсто Мукоски вели дека законот е се уште во собраниска процедура и дека до вечер ќе се одлучи дали ќе биде повлечен.

„До вечер со Талат ќе се видиме за да се договориме што ќе правиме со предлог законот. Засега не можам да кажам дали ќе биде повлечен. Новинарите веќе добија изјава дека ќе биде вратен на дополнителна доработка, но засега е се уште во собраниска процедура“, изјави Крсто Мукоски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и Талат Џафери од ДУИ се предлагачи на ова законско решение кое забранува било каква употреба на бомбите. Предлог законот предизвика лавина реакции во јавноста и ги испровоцира граѓанските здруженија да се појават на протест денеска во 18 часот пред Собранието.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …