вторник , 24 октомври 2017
sp-murinjo

Мурињо пред стартот на ЛШ: Англиските клубови имаат потежок пат!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, изјави дека неговиот тим е подготвен, а играчите се доволно мотивирани пред настапите во Лигата на шампионите (ЛШ).

„Црвените ѓаволи“ по две години пауза се враќаат во Лигата на шампионите, како освојувачи на Лига Европа.

„Лигата на шампионите е нашето природно напреварување. Се радуваме на почетокот на новата сезона, а играчите се доволно мотивирани. Не очекува многу тежок натпревар против Базел, но имаме доволно квалитет за да славиме победа“, изјави Мурињо.

Во продолжение Мурињо направи ретроспектива и на останатите англиски клубови, за кои смета дека имаат многу потешка работа од нивните ривали.

„Реал Мадрид минатата година последниот месец во Примера го играше со вториот тим и дојде свеж во финалето на Лигата на шампионите. На англиските тимови им е многу потешко, бидејќи натпреварите ги играат до самиот крај и немаат зимска пауза. Но, нема да се жалам“, заврши Мурињо.

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Базел се игра денес со почеток во 20.45 часот.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …