понеделник , 25 септември 2017
policiska-akcija-kumanovo-2015

МВР апси соработници на групата од Дива населба

policiska-akcija-kumanovo-2015
Македонското МВР изутринава спроведува голема акција во која се апсат соработници и логистичари поврзани со криминално-терористичката група од кумановската Дива населба, која на 9. и 10 мај годинава се судри со полицијата.

Претресите се вршат во Скопје и Куманово. Веќе се приведени неколку лица кои ќе бидат изнесени пред надлежниот судија.

Како што информираат од МВР, повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Во мајската акција против риминално-терористичката група во Дива населба животот го загубија осум полицајци, а тиесетина беа повредени. Во акцијата беа убиени и десет членови на вооружената група, а 30 се предадоа и против нив се води судска постапка.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …