недела , 24 септември 2017
sobranie demonstranti

МВР доставило дополнителни информации до ОЈО за нередите во Собранието

СВР Скопје до надлежното Основното јавно обвинителство дополнително доставило три посебни известувања околу сознанијата на истрагата за неколку лица од настаните предизвикани од упадот на граѓани во Собранието на Република Македонија на 27 април.

– По извршениот преглед на видеоматеријалите од безбедносните камери во Собранието, идентификувани се лица коишто учествувале во отстранување на претходно поставената блокада на вратата од внатрешната страна од главниот влез на собраниската зграда, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Завчера СВР Скопје поднесе кривична пријава против вкупно 15 лица осомничени за сторени кривични дела „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ и „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

ОЈО Скопје побара распишување централни расписи за приведување на сите 15 лица за кои постојат основи за сомнение за посочените кривични дела. На 30 април од слобода беа лишени осум лица коишто беа изведени пред судија на претходна постапка. Кај петмина од нив изречена е мерка притвор во траење од по осум дена, за едно лице мерка домашен притвор, а за две лица мерка претпазливост.

– СВР Скопје и натаму во координација со ОЈО Скопје интензивно работи на натамошна идентификација на лица коишто биле учесници во немилите настани од 27 април, соопшти МВР.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …