среда , 20 септември 2017
Protesta-ne-Kuvend

МВР повикала на разговор неколкумина од насилниците во Собранието

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на вчерашниот ден извршиле службени разговори со повеќе лица за кои постои сомневање дека биле инволвирани во настаните во македонскиот парламент.

„Во врска со настани од 27 април во Собранието, вчера од страна на СВР Скопје во соработка со ОЈО на службени разговори се повикани повеќе лица за кои постоле сомневања дека биле инволвирани во настаните во македонскиот парламент. Притоа, поради констатирано постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл 384 од КЗ на РМ од страна на лицата Д.Т. (42), Ѓ.М. (52) и Т.О. (52) сите од Скопје, како и кривично дело – „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл.385 од КЗ на РМ од страна на лицето Н.П. (39) од Скопје, за истите СВР Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје ќе поднесено посебно Известување.

Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните случени на 27.04. во Собранието  и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните“, се вели во соопштението на МВР.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …