недела , 22 октомври 2017
poplavi-tetovo (1)

МВР за невремето во Тетовско: Четворица загинати, двајца исчезнати и 11 повредени

poplavi-tetovo (1)Хашим Ф. (83) од Шипковица, А.М. (14) од Шипковица и две деца, на возраст од седум, односно една и пол година, од Тетово и од селото Шипковица, ги загубиле животите во силното невреме што синоќа го зафати тетовскиот регион, официјално информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според МВР, безживотните тела на Хашим Ф., А.М. и на детето на возраст од една и пол година биле пронајдени во Шипковица, додека безживотното тело на седумгодишното дете е пронајдено во Голема Речица.

Од МВР соопштуваат и дека едно девојче, на возраст од околу шест години, од селото Шипковица, како и Р.Ј. (61) од селото Лисец, засега се водат како исчезнати.

Во вчерашното невреме, според МВР, тешки телесни повреди и телесни повреди добиле 11 лица, најмногу од селата Шипковица, Селце, Џепчиште и Мала Речица.

Дел од нив се задржани во тетовската клиничка болница за понатамошна опсервација, а дел се пуштени на домашно лекување.

Невремето придонесе да се излеат повеќе реки во подножјето на Шар Планина, а предизвика и значителни материјални штети. Оштетени се повеќе објекти и автомобили./МЕТА

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …