вторник , 26 септември 2017
ministersrvo za zdravstvo

МЗ: СДСМ ќе ни овозможи да направиме пресек на состојбата во здравството порано и сега

ministersrvo za zdravstvo
Министерството за здравство смета дека СДСМ со иницијативата за разрешување на министерот Никола Тодоров, дава можност за соочување на фактите во Законодавниот дом за да се направи разлика каква била состојбата во здравството претходно, а каква е сега.

– Благодарност до СДСМ што ни дава можност во Законодавниот дом да ги соочиме фактите за да се направи разлика каква била состојбата во здравството претходно, а каква е сега, колкави биле инвестициите во здравството, колкави се сега, како и севкупно каде било здравството претходно, а каде е сега, се вели во реакцијата на Министерството за здравство на прес-конференцијата на Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ и претседателка на собраниската Комисија за здравство.

Со користење на инструментот „интерпелација“, стои во реакцијата, СДСМ ќе ни овозможи од собраниската говорница да направиме пресек на состојбите во здравството и со конкретни податоци да разговараме за проекти и реформи реализирани во здравствениот систем.

Во таа смисла, со почитување на сите законски и деловнички процедури министерот за здравство ќе даде одговор на интерпелацијата и ќе го образложи пред Законодавниот дом, се наведува во реакцијата на Министерството за здравство.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …