недела , 22 октомври 2017
nafta-sun-540x320

На американскиот пазар цените на нафтата падна, на лондонскиот пораснаа

На лондонскиот пазар цената на нафтата изминатата седмица благо порасна, а на американскиот падна додека вложувачите го следеа развојот на ситуацијата кога ураганот Харви ја разора со нафта богатата американска сојузна држава Тексас.

На лондонскиот пазар цената на барелот сурова нафта минатата седмица порасна 0,6 отсто, на 52,75 долара, а на американскиот пазар барелот поевтини 1,1 отсто, на 47,30 долари.

Поради ураганот Харви и подоцнежните поплави во Тексас и Мексиканскиот Залив, од минатиот викенд запрено е производството на многубројните рафинерии, па се проценува дека биле затворени четвртина од рафинериските капацитети на САД.

Тоа на пазарот предизвика стравување од недостиг од горива поради што цените на бензините во САД силно пораснаа. Но, цените на суровата нафта не го следеа тој тренд бидејќи запирањето на работата на рафинериите го намали побарувањето на сурова нафта поради што се зголемија резервите.

Аналитичарите очекуваат осцилации на цените на нафтата малку нагоре, малку надолу додека не стане појасна сликата за обновувањето на работата на рафинериите во САД.

„Природните катастрофи воопшто негативно влијаат врз цените во среднорочна перспектива бидејќи ја разоруваат побарувачката, но краткорочно пазарот реагира на недостигот“, вели Џејсон Гамел од ивестициската банка „Џефрис“ за „Ројтерс“ .

Од половината на седмицата одделни рафинерии во Тексас го обновија производството, а во четвртокот американската влада првпат по пет години посегна по стратешките резерви упатувајќи во рафинериите во сојузната држава Луизијана милион барели сурова нафта. Од Белата куќа порачаа дека би можело да се пласираат уште резерви.

Но, надвор од САД понудата на нафта на глобалниот пазар и натаму е обилна и покрај настојувањата на водечките производители на чело со Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и групата независни произведувачи, вклучително и Русија, да го намалат производството 1,8 милион барели дневно.

Последните податоци на „Ројтерс“ покажуваат дека во август производството на ОПЕК е намалено 170.000 барели дневно во однос на врвот на производството во оваа година.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …