недела , 22 октомври 2017
migranti

На брод во Италија се задушиле над 40 мигранти

migrantiПовеќе од 40 мигранти починале од задушување на брод во Средоземното море кој пренесувал 400 мигранти, соопшти италијанската крајбрежна стража.

„Во тек е операција за спасување. Голем дел од мигрантите се спасени. Најмалку 40 загинале“, соопшти крајбрежната служба.

Според податоците на високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, 250.000 мигранти оваа година стигнале до Европа преку морски пат, од кои 124.000 во Грција и 98.000 во Италија.

 

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …