петок , 22 септември 2017
apple-iphone-6-and-iphone-6-plus

На „Епл“ му се заканува казна од 862 милион долари

epl-ajfon6-540x320
Компанијата „Епл“ би можела да плати казна и до 862 милиони долари, откако судот во САД објави дека оваа компанија ја користела технологијата на Висконсин-Медисон универзитетот во чиповите вградени во ајфон 6 и неколку верзии на ајпад без одобрение.

Судот во Медисон соопшти дека е користена технологија, која ја подобрува ефикасноста на процесорот на телефонот, пишува „Гардијан“.

Судот ќе одлучи колку „Епл“ мора да плати и колку штета направил.

Алумни истражувачката фондација во Висконсин (Варф), која е дел од Универзитетот во Висконсин, го тужеше „Епл“ во јануари 2014 година тврдејќи дека компанијата го украла нивниот патент за подобрување на ефикансноста на чиповите во производите.

Судот требаше да одлучи дали процесорите на „Епл“, А7, А8 и А8икс пронајдени во ајфоните ес, 6 и 6 Плус, како и  во некои верзии на ајпад го нарушуваат патентот.

„Епл“ тогаш ги отфрли обвиненијата.

Во септември оваа година Варф повторно покрена тужба против „Епл“, овој пат за најновите чипови на компанијата А9 и 9 икс.

„Епл“ кон крајот на септември за три дена продал 13 милиони уреди на најнови мобилни апарати ајфон 6 ес и 6 ес Плус, со што го собори рекордот од минатата година, кога во првата недела на лансирање на истите апарати на пазарот се продадени десет милиони.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …