вторник , 24 октомври 2017
kandidati-konkusr-MVR2

На конкурсот на МВР за вработување 600 полицајци, се пријавиле 2.622 кандидати

kandidati-konkusr-MVR2Mинистерството за внатрешни работи денеска почнало со првата фаза на селекција на кандидатите за полициски службеници. На конкурсот за вработување 600 полицајци, според МВР, се пријавиле вкупно 2.622 кандидати.

Првата фаза на селекција на кандидатите опфаќа проверка на моторичките способности.

„Во Центарот за обука во Идризово и во касарните „Илинден“ и „Ѓорче Петров“, во согласност со подготвениот план и агенда за спроведување на постапката, до петок ќе се врши проверка на вкупно 2.622 кандидати, кои се пријавија на конкурсот за вработување на 600 полицајци. Според полот, на овој конкурс се пријавија 2.091 мажи и 531 жена, а според етничката припадност, 2.080 кандидати се Македонци, додека останатите 542 кадидати се припадници на другите етнички заедници“, стои во соопштението на МВР.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …