сабота , 23 септември 2017
porosenkonova-540x320

На локалните избори Украинците ќе ја соопштат пресудата за политиката на Порошенко

porosenkonova-540x320Украинците денеска гласаат на локални избори за градоначалници и општински совети, но гласањето се доживува, пред се, како тест за политиката на претседателот Петро Порошенко, забележуваат француските медиуми.

Локалните избори нема да се оддржат на териториите контролирани од проруските сепаратисти, во кои за последните 18 месеци од конфликтот се убиени над 8.000 лица.

Гласањето се спроведува во момент во кој рејтингот на прозападниот претседател Порошенко се намалува, пред се, заради начинот на кој тој се обидува да се справи со вооружениот конфликт во источна Украина и заради неиспорачување на ветените реформи.

Претставници на поранешниот режим на прорускиот претседател Виктор Јанукович, кој од власта беше соборен во февруари 2014 година по трите месеца прозападни протести што беа задушени со крв во Киев, денеска би можеле да постигнат успех на изборите во клучните русофилски области на Украина, како Харковската и Дњепропетровската. Тие се граничат со зоните на конфликтот.

Претставници на поранешниот режим можат да постигнат успех и во Одеската област, предупредуваат аналитичарите.

На локалните избори во Украина учествуваат 132 партии. Повеќето од нив на избирачите им ветуваат такви промени, кои во принцип се во надлежност на Владата и на Парламентот, како, на пример, зголемување на пензиите, членство на Украина во НАТО, намалување на цените на струјата и на природниот гас.

Владеачката коалиција, која на парламентарните избоир пред 1,5 година освои 70 проценти од гласовите, денеска може да смета на 45-процентна доверба. А нејзиното јадро составено од партијата „Блок на Петро Порошенко“ и Народен фронт на премиерот Арсениј Јацењук, имаат едвај 21 отсто доверба, покажуваат последните анкети.

Во предвечерието на локалните избори социолошките истражувања покажуваат дека 71 процент од Украинците не ги одобруваат активностите на претседателот, кој пред помалку од две години на оваа функција беше избран со 54,7 проценти од гласовите.

Доколку партијата на Тимошенко „Татковина“ или партијата „Самопомош“ на градоначалникот на Лвов, Андриј Садовиј, постигнат подобри резултати на локалните избори, тоа може да придонесе за ерозија на владеачката коалиција и до промени во Владата, па дури и да предизвика предвремени избори, тврдат аналитичарите.

Експертите предупредуваат на евентуален напредок на Опозицискиот блок, наследникот на Партијата на регионите на Јанукович, в југоисточните области на Украина, каде власта не предложи ниту силни кандидати, ниту ефикасна политика.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …