сабота , 21 октомври 2017
132405141-540x320 (1)

На Сицилија уапсени 11 членови на мафијата

132405141-540x320 (1)Италијанската полиција денеска уапси 11 лица под сомнение дека се поврзани со раководството на сицилијанската мафија во бегство, вклучително и поранешниот шеф кој раководеше со тајниот систем на пораки за мафијата, користејќи ја шифрата „овци во база“.

Тројца од уапсените се постари од 70 години. Матео Месина Денеро (53), кој е во бегство од 1993 година, ја користеше фармата во Мазару деле Ваљо за да комуницира со своите приврзаници на старински начини, со шифрирани пораки напишани на хартија.

Меѓу уапсените е и поранешниот шеф Вито Гондола (77), кој ги повикуваше членовите на кланот и ги предупредуваше за секоја нова порака, која беше ставана по камен на фармата и често беше уништувана откако ќе беше прочитана.

Пораките кои телефонски ги пренесувал Гондола биле „Ви оставив сирење рикота, на страна за вас, дали подоцна ќе дојдете“, „На овците им е потребно стрижење… треба да се наострат ножиците“ или „Сеното е подготвено“.

Полициската истрага го следела испраќањето пораки од 2011 до 2014 година со помош на скриени камери и микрофони околу фармата во близина на Трапани, западна Сицилија.

 

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …