недела , 22 октомври 2017
migranti-brod-odgore-540x320

Над 2.370 имигранти загинале во Средоземното Море од почетокот на годината

migranti-brod-odgore-540x320Над 2.370 имигранти загинаа во Средоземното Море од почетокот на годината, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција.

Најголем дел од нив животите ги загубиле на т.н. централна маршрута – од Северна Африка кон Малта и Италија.

Кон Турција и Грција загинале 83 мигранти, а кон Шпанија и Канарските Острови, 23.

Во истиот период лани во Средоземното Море загинаа 2.081 имигрант.

Од почетокот на годината во Европа дошле 267.121 имигрант. Најголем дел од нив пристигнале во Грција (157.228). Најголем дел од пристигнатите во Грција се Сиријци (88.204) и Авганистанци (32.414), а во Италија – Еритрејци (25.657) и Нигеријци (11.899).

Бродовите и авионите од европската патролна мисија Тритон спасиле 3.400 имигранти крај бреговите на Либија само во изминатата недела.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …