недела , 22 октомври 2017
nagasaki

Нагасаки одбележува 70 години од експлозијата на атомската бомба

nagasaki
Три дена по Хирошима, и Нагасаки денеска ја одбележува 70-годишнината од американскиот напад со атомска бомба, во кој веднаш загинаа околу 74.000 лица, а уште над 90.000 подоцна им подлегнаа на последиците на радијацијата.

На 9 август 1945 година во 11 часот и две минути по локално време, експлозијата на атомската бомба уништи околу 80 проценти од објектите во Нагасаки, меѓу кои и познатиот храм Урамаки.

Денеска точно во истиот час (4:02 по средноевроспкао време) жителите на Нагасаки и на цела Јапонија со едноминутно молчење им дадоа почит на загинатите, а во градот се вклучија и сирените и биеја камбаните.

Во Паркот на мирот се одржа комеморативна церемонија на која присуствуваа делегации од 76 земји, меѓу кои и од САД, Велика Британија, Русија и Франција, а првпат и од Иран.

По едноминутниот молк за оддавање почит, градоначалникот на Нагасаки, Томихиса Таве прочита Делкларација за мир со повик за целосно нуклеарно разоружување.

По Таве, на присутните им се обрати и јапонскиот премиер Шинѕо Абе, кој најави дека следниот месец Јапонија до Генералното собрание на ОН ќе достави предлог-резолуција за уништување на нуклеарното оружје.

На карјот од церемонијата, по традиција, беа пуштени бели гулаби, како симбол на мирот.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …