понеделник , 25 септември 2017
12181785_10208039448559231_1571894230_n-650x320

Награда од 200.000 денари за најдобри илустрации на „Бајки од Македонија“

12181785_10208039448559231_1571894230_n-650x320Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ распишува конкурс за млади дизајнери – илустратори, за креативна илустрација на четири избрани и јазично преработени бајки од народното творештво, под наслов „Бајки од Македонија“.

Младите креативци треба да бидат на возраст до 35 години и државјани на Република Македонија, а оригиналните илустраторски решенија треба да ги испратат на интернет адресата ivo.laurencic@bravosine.mk најдоцна до 15. декември. Конкурсот е анонимен до првата селекција, по што најдобрите автори ќе да бидат повикани лично да го презентираат креативниот пристап.

– Нашиот основен мотив годинава е јавниот интерес за приближување на народното творештво кон децата од предучилишна возраст и афирмација на националните вредности во услови на глобализација. Убедени сме дека за младите креативци ќе го препознаат предизвикот, па и годинава во голем број ќе пријават свои трудови. Ние веруваме во креативниот потенцијал на младите во Македонија и токму затоа го поддржуваме – изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.

Наградниот фонд за најдобрите и годинава изнесува 200.000 денари, обезбедени од Движењето „Браво сине“.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …