вторник , 26 септември 2017
tapeworm-diet-300x202

Најбизарните диети во историјата

tapeworm-diet-300x202
Кога здравата исхрана и вежбањето едноставно не се доволни, луѓето се вртат кон најновите, а често и најчудните планови за слабеење со надеж дека конечно ќе ја постигнат целта.

Диетите за слабеење постоеле со векови. Погледнете на кои сè начини луѓето се обидувале да ја намалат тежината и кои биле најбизарните диети во историјата:

Избегнување на мочуришта

Во 1727-та година, Томас Шорт напишал трактат под наслов „Причините и ефектите на корпулентноста“, во која тој објаснува дека дебелите луѓе имаат тенденција да живеат во близина на мочуришта.

Негова препорака? Дебелите луѓе треба да се преселат на место со сува клима.

Глад или хистерија?

Во втората половина на 19-от век, еден вид на „Викторијанска анорексија“ била популарна меѓу средната класа и аристократија на Западна Европа.

Луѓето буквално гладувале со цел да бидат слични со аристократите.

Диета со оцет

Англискиот поет Лорд Бајрон ја популаризирал диетата со оцет во 1820-та година. За да го исчисти телото тој дневно пиел многу оцет заедно со својот чај и сирови јајца.

Несаканите ефекти од диетата вклучувале повраќање и дијареја.

„Флечеризирање“

Во Сан Франциско во 1903-та година, продавачот на уметнички дела Хорас Флечер станал познат како „Големиот Џвакатор“ откако изгубил 40 килограми џвакајќи ја неговата храна без да ја голта.

Секој залак го џвакал 32 пати и остатоците ги плукал. Сметал дека неговото тело ќе ги апсорбира хранливите материи кои му се потребни и без голтање.

Неговото мото гласело: „Природата остро ќе ги казни оние кои не џвакаат.“

Диета со сапун

Измијте ги мастите со туш? Звучи премногу добро да биде вистина. Но, во 30-тите години се произведувале сапуните „Fatoff“ и „Fat-o-no“.

И покрај нивните грандиозни тврдења, овие сапуни немале магични содржини: во суштина биле обични сапуни направени со калиум хлорид и други основни состојки.

Диета со спиење

Тешко е да се јаде додека се спие. Тоа била идејата зад оваа диета која била популаризирана во 60-тите години. Следбениците на диетата пиеле многу седативи за да спијат со денови.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …