петок , 22 септември 2017
smart-fortu-540x320

Најкраден автомобил во Франција е Смарт Форту

smart-fortu-540x320
Статистиката на украдените автомобили во Франција покажува дека луксузните и скaпи автомобили не се најомилените од страна на крадците, посебно кога во раните утрински часови се „позајмуваат“ за побрзо враќање дома.

Како што пренесува дописникот на МИА од Париз, од јуни 2014 до јуни 2015 најкрадениот автомобил во Франција е Смарт – стариот модел, кој се наоѓа на прво место со вкупно 11,87 отсто од сите украдени автомобили. Веднаш потоа следи Форд Фиеста со 10,94 отсто, пред Пежо 406 со 5,81 отсто и Рено Твинго со 3,92 отсто од кражбите.

Станува збор за релативно стари модели на овие автомобили, кои е полесно да се украдат, поради отсуството на електронска заштита.

Скапите модели се наоѓаат на листата на ванадлизирани автомобили, како да крадците да сакаа да се осветат бидејќи не можеа да ги украдат. БМВ серијата 1Е88 кабриолет претставува десет отсто од сите ванадилизрани автомобили. Следена од БМХ Х6Е71 со седумотсто, Цитроен Ц3 плуриел, Мазда МХ5, Мини и Ауди ТТ.

Оваа статистика објавена од весникот „Паризиен“ го открива и методот на работа на крадците, кар-џакинг (агресија на возачот следена со кражба на возилото) претставува само три отсто од кражбите во првото полугодие од 2015 година, гаража-џакинг (кражба во гаража) четири отсто и хом-џакинг (дома) 13 отсто.

Најупотребуваниот метод на кражба е со помош на електрониката, која претставува дури 74 отсто од сите кражби. Со компјутерски програми за вклучување во погон на возилата, кои се во слободна продажба, според експертите сега станува можно едно дете од 10 години со помош на својот смартфон да украде и најнов автомобил.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …