недела , 22 октомври 2017
haiti-mapa-nova

Најмалку 17 загинати и 18 повредени во сообраќајна несреќа на Хаити

haiti-mapa-novaНајмалку 17 лица починале, а 18 се повредени, во сообраќајна несреќа која се случила на Хаити, кога камион полн со патници и стока излетал од патот во обид да избегне судар со друго возило.

– Камион во кој се наоѓале околу 30 луѓе се превртел во обид да избегне мотоцикл на кој имало три лица – рекол координаторот на службата за цивилна заштита, Жан Анри Пети.

Една жена им подлегнала на повредите во болница, а останатите 16 лица, вклучувајќи и еден патник од мотоциклот загинале на лице место.

Од 18 повредени, 13 се во тешка состојба и се наоѓаат во медицинските центри во Кап-Хаитијену.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …