вторник , 26 септември 2017
132865297-540x320

Најмалку 359 загинати во земјотресот во Авганистан и Пакистан

132865297-540x320Билансот на загинатите во вчерашниот силен земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди североисточниот дел на Авганистан, а беше почувствуван и во Пакистан, Индија и Таџикистан, според најновите податоци достигна 359 лица.

Според официјалните податоци, бројот на загинатите во Пакистан достигна 275 лица, во Авганистан 80, а четри жртви има и во хималајските области на Индија.

Во Пакистан како повредени се регистрирани над 1.800 лица, а во Авганистан околу 260.

Властите очекуваат бројот на жртвите и натаму да се зголемува особено по добивањето на податоците од одалечените планиски области.

Како што јави ДПА, пакистански воени авиони денеска, 24-часа по земјотресот, пристигнале до планинските региони, каде отсечени од светот останаа неколку илјади лица. Во рамките на оваа прва хуманитарна мисија по земјотресот авионите доставиле храна и лекови до жителите во областа Читрал.

Земјотресот беше регистриран на длабочина од 213,5 километри под површината на Земјата, со епицентар на 82 километри југоисточно од градот Фејзабад на планината Хиндукуш во Авганистан

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …