вторник , 26 септември 2017
krvav-noz-depo.ba_-600x320

Најмалку двајца Израелци убиени во два напади во Ерусалим

krvav-noz-depo.ba_-600x320Најмалку двајца Израелци се убиени, а петмина повредени во два палестински напади денеска во Ерусалим.

Двајцата сторители на првиот напад се убиени, јави ДПА, повикувајќи се на израелската полиција. Сторителот на вториот напад е повреден.

Ова е најкрвавиот ден од почетокот на бранот напади на Палестинци со ладно оружје врз Израелци на почетокот на месецот.

Во првиот напад, двајца напаѓачи отвориле оган во јавен автобус во источниот дел на Ерусалим. Во нападот е убиен еден 60-годишен маж, а четири лица се повредени. Двајцата напаѓачи биле застрелани од полицијата.

Израелската телевизија Канал 2 објави дека 16 Израелци патници во автобусот се повредени, пренесува ДПА.

Во вториот напад, маж удрил со автомобил во автобуска станица, по што излегол и со нож нападнал случајни минувачи, убивајќи еден и повредувајќи уште еден.

Претходно утринава Палестинец со нож нападна Израелец во близина на автобуска станица во градот Раанана, северно од Тел Авив. Засега нема информации за неговата здравствена состојба. Напаѓачот, 22-годишен Палестинец, бил совладан од локални минувачи и пренесен во болница со тешки повреди.

Над 20 напади со ладно оружје се извршени во Израел од 3 октомври. Само вчера во Ерусалим беа извршени четири напади со нож.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …