вторник , 24 октомври 2017
akumulator

Нападнат полициски службеник во обид да спречи кражба на акумулатор во Прилеп

ПС ОН Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Р.(41) и уште едно лице на возраст од 17 години поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „тешка кражба“ во обид, „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Од страна на судија на претходна постапка на првопријавениот определена му е мерка притвор во траење од 8 дена. Имено на 20.04.2017 година околу 20:30 часот М.Д. излегол пред својата куќа и ги забележал пријавените како се обидуваат да извршат тешка кражба на акумулатор од ПМВ негова сопственост.

Пријавените откако го забележале М.Д. се упатиле кон него и започнале расправија без повод и причина. Бидејќи М.Д. забележал полициско возило, му дал знак за да запре. Полицискиот службеник го запрел возилото и се упатил кон М.Д. и кон пријавените, кои оглушувајќи се на неговата наредба започнале со давање на активен отпор. По некое време пријавените биле совладани и приведени во полициска станица каде врз Р.Р. извршено е алкотестирање при што е утвдено присуство на алкохол од 1,59 промили. Полицискиот службеник се здобил со повреди нанесени од нож од пријавените и најпрво му била укажана лекарска помош во ИМП од каде бил препратен во Хирушко одделение во Општата Болница Прилеп.  

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …