сабота , 24 јуни 2017
polnenje

Наполнете ја батеријата на својот Ајфон побрзо од обично

Празна батерија во време кога тоа не е пожелно, или долго полнење на батеријата. Најмалку еднаш корисниците на АјФон доживеале една од наведените две ситуации. Поради тоа се предлага преземање на одредени мерки при полнење на телефонот, со цел тој побрзо да се наполни.

Германскиот „Computer Bild“ објави совети како АјФон побрзо да се наполни, но и што да се направи батеријата на АјФон да се празни побавно. Решенијата за „краткотрајните” батерии се едноставни.

Посебно ефикасно е при полнењето на паметен телефон да ги исклучите сите опции кои ја оптоваруваат батеријата, како што е WiFi, 3G и други опции. Со други зборови, се препорачува сите опции да се стават на „off”, кои би можеле да влијаат на празнење на батеријата, а најдобро би било телефонот да се стави на „Airplane Mode”.

Во тој случај АјФонот троши најмалку енергија, што при полнењето помага батеријата да се наполни побрзо. Тоа секако не помага ако при полнењето играте игри на телефонот, или правите нешто друго. Поради тоа се советува: „Не работете на телефонот додека се полни!”.

Истото важи и за празнењето на телефонот. Ако сметате дека телефонот ќе се изгаси, тогаш се препорачува да се намали светлината на дисплејот.

Слични написи

трик 11

Трикови со кои цвеќињата ќе ви цветаат почесто

Многу често цвеќињата страдаат од нередовно наводнување или недоволна нега и дохрана. Но, ако сè …