недела , 22 октомври 2017
dvorec

Напуштен дворец како прекрасен уметнички проект

Познато е дека уметниците го гледаат светот со други очи. Секојдневните објекти и предмети покрај кои останатите само би поминале, уметниците ги гледаат како потенцијал за настанување на некое нивно ново дело. Всушност ова се случи и со шпанскиот уметник Okuda San Miguel.

Последниот проект на Okuda San Miguel ги разбранува социјалните мрежи и ја воодушеви стручната јавност. Имено, тој во склоп на неговата интервенција која ја нарекол Skull in the Mirror одбрал еден напуштен дворец, којшто го трансформирал на свој специфичен начин. Станува збор за дворецот La Valette u Pressigny-les-Pins, во Франција, кој датира од 19-тиот век и кој според визијата на младиот уметник едноставно плени со својот нов изглед. Претходно се користел како одморалиште за деца, но не бил користен триесетина години.

Веднаш штом градското собрание го одбрало овој дворец за централно место каде што се одржувал еден street art фестивал, San Miguel  можел да почне со работа. Дворецот го украсил со светли бои, точки и други мотиви, а ако добро се загледате може да забележите и две костурски глави коишто ја украсуваат фасадата. Преливањето на боите на виножитото и точките кои го разигруваат пејзажот на прекрасниот француски имот се резултат на четиридневна акција што ја спроведе Okuda San Miguel и неговиот тим.

Дворецот овој јуни оживеа под идејно водство на инвентивниот Шпанец, во рамките на фестивалот LaBel Valette во организација на Urban Art Paris.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …