вторник , 26 септември 2017
nbrmMM

Народната банка ја зголеми количината на монетарно злато во девизните резерви на Република Македонија

Народната банка ја зголеми количината на монетарно злато во девизните резерви на Република Македонија преку постапка на претопување на пригодни ковани пари и дефинитивно одземени златни предмети во монетарно злато.

Народната банка се стекна со нови 6 прачки на монетарно злато со пазарна вредност од околу 2,6 милиони евра, кое во целост ги задоволува стандардите за квалитет утврдени на пазарот на благородни метали во Лондон.

Оваа постапка се реализира согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за претворање на пригодните ковани пари во монетарно злато и согласно измените и дополнувањата на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, според коишто на Народната банка и беа отстапени дефинитивно одземени златни предмети од Агенцијата за управување со одземен имот.

Пригодните ковани пари и дефинитивно одземени златни предмети беа испратени на постапка на претопување во швајцарска топилница, по што функционално се претворија во монетарно злато и се вклучија во девизните резерви на Република Македонија.

На тој начин, се зголеми количината на монетарно злато во девизните резерви на Република Македонија за 2.288 унци, односно од 218.875 унци се искачи на 221.163 унци злато.

 

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …