понеделник , 25 септември 2017
naroden-pravobranitel-tabla

Народниот правобранител апелира да не се спречуваат учениците да протестираат

naroden-pravobranitel-tabla
Учениците да не се попречуваат во правото на мирно изразување на незадоволство, односно правото на слободно мислење и слободно изразување по однос на сите прашања кои ги засегаат децата и младината, согласно законите и меѓународните документи ратификувани од страна на Република Македонија, апелира Народниот правобранител по сознанијата дека на средношколците им се врши притисок и закани да не излегуваат на протести поврзни со екстерното тестирање.

Народниот правобранител во тој контекст укажува дека мирното изразување на протест е уставно гарантирано право, поради што упатува преку непосреден дијалог да се слушне размислувањето на учениците за реформите во образованието, затоа што тие директно се засегнати од промените во воспитно-образованиот процес, што пак влијае на нивниот развој и изградба на нивната личност.

„Само по пат на комуникација и разговор за проблемите може да се очекуваат конструктивни и издржани промени, со кои  ќе се постигне квалитетно образование, а со посветувањето на потребното внимание за ставовите на младите ќе се потврди дека се почитуваат како субјекти, и му се дава важност на нивното учество при носењето одлуки кои ги засегаат директно децата и младите“ се вели во апелот на Народниот правобранител.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …