среда , 18 октомври 2017
robert-mileski

Нашиот драг Зврлевски

И уште еднаш изблик на големи мисли, па Зврлевски на правниот факултет ќе рече – “за прислушувaњетo имaвме oтвoренo 35 предмети. И тврдaм декa тoa беше грешкa. Зaтoa штo не мoжеш врз oснoвa нa нештo незaкoнскo дa фoрмирaте зaкoнски предмет.

“Знаете ли драги мои колку невистини има во оваа единствена реченица? Таа може да се подели на три дела и секој од нив е всушност неточен. Но, да одиме по ред.

Вели, за прислушувањето имале отворено 35 предмети. Не е точно! ЈО нема самоиницијативно отворено ниту еден единствен предмет! Вистината е дека политичката партија СДСМ поднесе готови кривични пријави кои јавното обвинителство по закон е обврзано да ги истражи и одлучува по нив! Значи тие не отворија ниту еден предмет, туку мораа законски да постапуваат по кривичните пријави.

Понатаму тврди дека тоа било грешка. Како може да биде грешка нешто што тие не го направиле? Дали тој нас нé смета само за природно мутави или можеби и недоветни!? ЈО не можеше да направи грешка, бидејќи воопшто и не постапуваше, туку работеше врз кривични пријави поднесени од друг!

За крај за да се заокружи невистината, вели, не можеш врз основа на нешто незаконско да формираш законски предмет. Па побогу Зврлевски! Ти не формира ниту еден предмет, освен секако пуч на Груевски! Сето останато беше твоја законска обврска да постапуваш по поднесена кривична пријава!
И да не заборавам, бидејќи тука Зврлевски ги поврзува незаконските разговори со неможност за отворање предмети, што всушност потајно го трасира понатамошното однесување на системот кон СЈО и градењето подлога за поништување на сите предмети заедно со СЈО од страна на неуставниот суд. Оваа констатација е погрешна во самата срж на кривичноправниот систем на Република Македонија. Имено, нашиот државен јавен обвинител очигледно не е запознаен со правниот институт дефиниран во член 272 од законот за кривичната постапка – “допрен глас”. Тоа во превод значи дека јавен обвинител на Република Македонија не мора однапред да поседува некакви цврсти докази или информации за да покрене кривична постапка. За него доволна правна основа претставува гласот допрен до него. Што би се рекло народски, обвинителот некако или некаде слушнал за можен сторен криминал и тој е должен истиот да го испита. За тоа и зема плата од нас граѓаните!

Кривичните пријави самите претставуваат форма на допрен глас (член 272 ЗКП) и според тоа самите постапки се комплетно законски! Да не ве лаже никој.

Роберт Милески

Слични написи

received_10208023772386693

И биднаа безмалку педесет дена од новата Влада!

Колумната ќе ја започнам со една приказна, која оди вака: ,, Бог му заповедал на …