среда , 28 јуни 2017
besilka-5-

Насилниците правеле ортоми, сакале да ги задават пратениците?

Целата македонска јавност имаше можност синоќа да види што се случува во Собранието, но оние што беа внатре, опишуваат дека ситуацијата била многу пострашна.

Според информациите на универзитетскиот професор Владимир Пивоваров, дел од насилниците правеле и ортоми, од каблите на камерите и опремата на новинарите, со кои наводно имале намера да ги задават пратениците.

-Во тој момент кога навистина имале страв дека им е загрозен животот, еден од припадниците на обезбедувањето испукува куршум, што е нормална реакција, бидејќи проценил дека неговиот живот, но и на оние што ги обезбедува е загрозен. По она што јас го видов, според повредите на пратениците, насилниците треба да одговараат не за насилство, туку за обид за убиство, вели Пивоваров.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …