петок , 22 септември 2017
132853086

НАТО ја почнува најголемата воена вежба од 2002 година

132853086НАТО денеска почнува воена вежба на копно, во вода и во воздух, која според Алијансата ќе биде најголем тест за нејзината воена способност од 2002 година, јави ДПА.

Тринеделната вежба „Периодот на трозабецот“ (Trident Juncture) ќе се одржи во замислен африкански регион, наречен Соротон, управуван од непријателски диктатори, каде почнал терористички бунт и каде царува етничка тензија.

Најважниот дел од вежбата ќе почне, по тренингот на воените сили претходно овој месец, со учество на високи претставници на НАТО во Сицилија и ќе продолжи на италијанска, шпанска и португалска територија.

Околу 36 илјади војници и цивили, 130 авиони, 16 хеликоптери и 60 бродови и подморници ќе земат учество во вежбата.

Во неа учествуваат 30 држави, вклучувајќи ја Украина и членките на Африканската унија. Русија е поканета да ја следи вежбата како набљудувач.

Претставници на НАТО ги демантираа тврдењата, дека вежбата е насочена против Москва и покрај тоа што со неа се тестираат новите сили за брзо реагирање на Алијансата, создадени минатата година како одговор на дејствувањето на Русија во Украина.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …