среда , 18 октомври 2017
tramp1

НАТО може да здивне по разговорот на Столтенгберг и Трамп

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, телефонски разговарале и се согласиле околу „трајната важност“ на Северноатлантскиот воено-политички сојуз.

„Апсолутно сум убеден дека Трамп ќе продолжи со силната доследност на САД за европската безбедност и НАТО. Тоа е во интересот и на Европа и на САД“, изјави Столтенберг во интервјуто за AFP, истакнувајќи дека двете светски и блоковската идеолошка Студена војна покажале колку е меѓусебно зависна безбедноста на двете страни.

Единствен пат кога е применет членот 5 од договорот за НАТО за колективна одбрана, познат како „сите за еден, еден за сите“, било по нападот од 11-ти септември врз САД, потсетува Столтенберг.

Контроверзниот Трамп за време на својата кампања даваше загрижувачки пораки дека ќе ја редефинира американската позиција во НАТО, особено со екстра скапиот ангажман на армијата за други земји кои се доволно моќни и богати сами да се бранат.

Западните сојузници се загрижени и од чудните изјави на Трамп дадени за руското влијание во Украина и Источна Европа и сметаат дека тоа ја прави Алијансата ранлива и дека тоа Путин може веднаш да го искористи.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …