вторник , 26 септември 2017
manumanus-540x320

Научниот фонд на МАНУ преку Википедија на македонски јазик достапен за јавноста

manumanus-540x320
Во библиотеката на Македонската академија на науките и уметностите ќе се воспостави функцијата матичен википедијанец (Wikipedian in Residence), овозможено со потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу МАНУ и „Споделено знаење“, застапник на светската Викимедија фондација.

– Главна задача на матичниот википедијанец во библиотеката на МАНУ ќе биде наоѓање и употреба на материјали од богатиот научен книжен фонд од сите научни области за поквалитетно, веродостојно и референцирано уредување и создавање на статии на слободната интернет енциклопедија Википедија на македонски јазик, а воедно и отсликување, односно скенирање и дигитализирање на книги во согласност со авторските права, кои потоа ќе бидат достапни за слободно користење на широката научна и општествена јавност, соопшти МАНУ.

Светската Викимедија фондација во 2010 година го почна проектот за воспоставување ваква соработка со врвни научни и образовни установи во светот, со цел уредување и споделување на поквалитетни и поверодостојни податоци.

Досега се опфатени над 110 институции, меѓу кои Британскиот музеј, Националниот архив на САД, националните библиотеки на Велика Британија, Данска, Израел. По потпишување на ваков договор со Државниот Архив, МАНУ е втора установа во Македонија во која ќе се воспостави матичен википедијанец.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …