среда , 26 јули 2017
4-117-e1485080823428-640x427

Научниците откриле ген во мозокот кој предизвикува депресија

Депресијата годишно погодува 300 милиони лица ширум светот, и таа бројкапостојано расте. Научниците од Универзитетот Мериленд, Факултетот за медицина, успеале да идентификуваат ген кај глувци и кај луѓе, кој може да предизвика депресија, а на истата може да се делува со лекови.

Тие откриле дека тој ген може да поттикне депресија кај глувци, но со едноставно менување на нивото на гените, глувците може да станат помалку депресивни. Научниците за оваа студија го анализирале мозокот на глувци и мртви луѓе кои страдале од депресија и направиле самоубиство.

Установено е дека мозокот на самоубиецот има помало ниво на одреден ген во центарот за задоволство – nucleus accumbens. Студијата се темели на претходно истражување кое ја докажало врската помеѓу овој ген и депресијата во хипокампусот. Мери Кеј Лобо, асистент на професорот во одделот за анатомија и невробиологија при Универзитетот Мериленд, која ја водела студијата, тврди дека нејзините сознанија наведуваат на фокус на тоа како сите регии на мозокот придонесуваат за депресија.

“Студијата покажува дека секоја регија на мозокот треба различно да се набљудува. Не можеме мозокот да го третираме како целосен орган бидејќи е хетероген. Мора да се навлезе во чувствителните неврони и да се пронајде начин како да ги лекуваме. Се надевам дека оваа студија ќе биде од помош за откривање на фармаколошките агенси кои би можеле да го менуваат нивото на овој ген, со цел да се помогне на лицата кои страдаат од депресија”, објаснува Д-р. Лобо.

Студијата се фокусирала на одреден ген, Slc6a15. Лобо вели дека го забележала овој ген уште во 2006та година, истакнувајќи дека неговото присуство е зачестено помеѓу одредени неврони во центарот за задоволство, кои се отпуштаат во текот на сексуален однос, пиење алкохол, земање дрога или додека се јаде добра храна.

Овој ген го истражувала пет години кај зависник од дрога, а во 2011та година, германски научници ја покажаа врската меѓу тој ген и депресијата. Тогаш за прв пат, генот Slc6a15 е спомнат и надвор од нејзините трудови. Германското истражување се фокусирало на хипокампусот, што не е изненадувачки, бидејќи сите истражувања, примарно го гледаат хипокампусот.

Д-р. Лобо сакала да види дали може намаленото ниво на овој ген во центарот за задоволство да поттикне депресија. За лицата кои патат од депресија, задоволството е ретко и тешко се постигнува. Затоа пак, хемиското покачување на нивото на гени успеало да ја намали депресијата.

Д-р. Лобо вели дека се потребни уште истражувања за да се анализира како генот делува, за да разбереме на кој начин треба да се лекува. Важно е дека оваа регија од мозокот е возможно да се третира со лекови.

Слични написи

silicone-heart

ВИДЕО: 3Д печатено силиконско срце бие како вистинско

Напредните техники за 3Д печатење со кои се произведуваат меки роботи и машини во иднина …