понеделник , 23 октомври 2017
Александар Наумоски 03.10.2017

Наумоски: Се грижиме за спортот, се грижиме за младите, градиме подобар живот за сите во Ѓорче Петров

Ние нудиме помош и поддршка на спортот во општината.

Спортските друштва и поединците од Ѓорче Петров беа некогашна гордост, не само на општината, туку и на Скопје и Македонија во изминатите години. Денес спортот во општината
е сведен на стихијно и неорганизирано работење.

Во разговор со спортските работници и со нивно одобрение, целта е спортското друштво да биде составено од претставниците на постоечките спортски клубови на територијата на нашата општина, како и други кои ќе ги возобновиме во нашиот мандат.

Новата администрација ќе обезбеди финансиски надомест за сите спортски работници кои ќе работат со младински категории.

Целта е што поголем број деца да се запишат бесплатно во спортските клубови. Квантитетот единствено раѓа квалитет.

Ние ќе обезбедиме пари за стипендии и кредити за школување на перспективни млади спортистки по предлог на општинскиот спортски совет и спортските сојузи и клубови.

Планираме формирање на Совет за спорт во општината којшто системски ќе прави анализи за унапредување на масовниот и индивидуалниот спорт во нашата општина со предлагање на мерки, програми и акциони планови. Особено ќе има значајна улога во предлагање и усвојување на реален и развоен буџет за спортот.

Затоа на 15 Октомври гласајте за живот во Ѓорче Петров, гласајте за живот за сите.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …