четврток , 19 октомври 2017
AАлександар Наумоски 30.09.2017

Наумоски: Заедно со мојот тим активно ќе работиме на подобрување на квалитетот на живот во Ѓорче Петров

Младите се двигател на сите промени, а наша заложба е тие да останат во општината Ѓорче Петров и во Македонија.

Ќе формираме Младинска банка, којашто преку грантови ќе поддржува младински иницијативи и проекти за самовработување, за културно спортски настани и други конкретни проекти коишто ќе ги предлагаат младите.

Дополнително мора да субвенционираме одредени музички инструменти за наши млади таленти и музички групи.

Културно-забавниот живот во Ѓорче Петров е замрен,младите немаат свои катчиња каде можат да ги разменат своите идеи, да ги сретнат своите пријатели, затоа ќе го вратиме старото Корзо на модерен начин, ќе направиме нови организирани содржини, ќе имаме наша мала чаршија.

Затоа на 15 Октомври гласајте за живот за младите во Ѓорче Петров, гласајте за живот за сите, гласајте за подобра иднина на нашите деца.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.