среда , 28 јуни 2017
rakomet

Навивачите ќе може да се дружат со Лазаров и другите ракометни репрезентативци

Во пресрет на клучниот натпревар против Чешка од квалификациите за пласман на Европското првенство Хрватска 2018, навивачите денеска ќе имаат можност да се дружат со машката ракометна репрезентација.

Настанот во чии рамки селекторот Раул Гонзалес, капитенот Кире Лазаров и уште неколку репрезентативци ќе бидат на располагање за потпишување дресови, ќе се одржи од 12 до 13 часот во фан-шопот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Од РФМ информираат дека билетите за утрешниот натпревар меѓу селекциите на Македонија и Чешка се целосно распродадени.  Ги повикаа гледачите кои ќе ја бодрат македонската репрезентација од трибините на ВИП арената „Борис Трајковски“ да дојдат минимум половина час пред почетокот на натпреварот.

Слични написи

davitkov

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ …