петок , 22 септември 2017
1-Dimce-Hristiski-Zhabata

Навивачката група “Мајмуни” повикува на општа мобилизација во знак за поддршка на напаѓачот на Заев, Диме Христоски-Жаба

Од официјалната фан страна на навивачката група “Мајмуни” од Прилеп повикуваат денес на општа мобилизација во знак на поддршка на човекот кој посегна по животот претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Диме Христоски-Жаба како дел од навивачката група ја добива оваа поддршка со цел да покажат дека не е сам.

Истражен судија вчера одреди мерка притвор за Христоски за нападот во Собранието на Република Македонија кој се случи на 27 април.

Диме Христоски-Жаба во јавноста е познат по двократното убиство на пиво фест во Прилеп каде што една од жртвите беше и 4 годишната Елена.

za zaba

Дали навивачката група на фудбалскиот клуб “Победа” е уште еден параван зад кој се крие ВМРО-ДПМНЕ, со оглед на тоа што претседател на клубот е Гоце Ингилизов поранешен координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп и актуелен директор на Центарот за јавно здравје Прилеп.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …