вторник , 26 септември 2017
nbrmMM

НБРМ продава благајнички записи во вредност од 25 милиони денари

nbrm-zgrada-s
Комитетот за оперативна монетарна политика одлучи на аукција да се понудат благајнички записи во вредност од 25,5 милиони денари, со непроменета каматна стапка од 3,25 проценти, соопштија од Народна банка.

– Најновите показатели покажуваат дека економската активност и понатаму се зголемува со солидно темпо, делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки. Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво, кое е доволно за справување со евентуалните непредвидени шокови во иднина. За ефектите врз домашната економија, поврзани со домашните политички случувања и економско-политичките случувања во Грција, и понатаму се оценува дека се ограничени и дека главно се остваруваат преку каналот на очекувањата – посочуваат од Народна банка.

Во извештајот се наведува дека и понатаму постои неизвесноста во опкружувањето, што создава ризици за следниот период.

– Во вакви услови, излегувањето од зоната на приспособлива монетарна политика во следниот период ќе зависи од понатамошното стабилизирање на домашните шокови и нивните ефекти врз економијата, како и од промените во надворешната позиција и ефектите врз девизните резерви- велат од Народна банка.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …